Recension: Për pesë pije në Shkup do të paguani sa për një pije në Oslo
Published in Recensione
on 2 - 07 - 2014 Author: Valon Проблемот со овој напис е насловот. Би било одлично статистичките податоци да можат вака лесно да се толкуваат и од од цели категории на цени да може да се извлечат компаративните цени на „пијачките“, како што се вели во насловот, ама тоа не е така. Друг проблем е преголемата оптовареност на целиот текст со бројки.
Линк до оригиналниот напис: За пет пијачки во Скопје ќе платите како за една во Осло
Датум и време на објавување: 24.06.2014
Датум на рецензирање: 25.06.2014
Рецензент: Владимир Петрески
Освен во насловот, написот нема проблем со вистинитоста, ниту, пак, со изворите на информации. Станува збор за соопштение на Еуростат за движењето на цените во европските земји. Еден од проблемите со овој текст се бројките кои читателот никако не би можел да ги следи, а камоли да ги запомни. Во веб верзијата на написот, на 42 реда текст има 31 бројка. Ова е премногу. Кога новинарот се соочува со многу бројки, треба да е крајно селективен. Во таков случај се спомнуваат оние бројки кои се значајни и кои отскокнуваат од познатите трендови. На пример, нема потреба да се објавуваат брокјите кои покажуваат дека земјите на северот на континентот се поскапи од оние на Балканот. Тоа е познато. Може да се наведе еден пример, кој ќе ја илустрира големината на разликата за да се добие слика за неа и тоа е доволно. Потоа, кога станува збор за домашната електроника, познато е дека цените на овие производи се меѓународни, и иако тие не се секаде сосема исти како големопродажните цени на нафтата, сепак, тие се слични и нивниот опфат е 20-ина отсто. Односно тие се движат од 90 до 110 отсто од просекот. Така што, за оваа категорија производи нема потреба да се оди во детали.
Во секој случај, секогаш кога сме соочени со многу бројки или податоци, првичниот инстинкт не треба да биде да се каже што повеќе, туку да се економизира, или, пак, ако податоците се сметаат за многу важни, да се поделат во два или повеќе написи.
Во овој оригинален напис, главен проблем е насловот. Едноставно, тврдењето дека пијачките во Скопје се пет пати поевтини од оние во Осло е проблематично. Тоа податоците на Еуростат не го кажуваат. Овој несреќно избран термин „пијачки“ никаде не се спомнува и прашање е дали како таков е анализиран во некоја категорија. Тој е крајно неодреден и може да спаѓа во било која од овие три категории, на пример: храна и пијалоци, хотели и ресторани или тутун и алкохол. Текстот не ни кажува за која категорија станува збор и во која тоа категорија спаѓаат „пијачките“. Но, ни тоа е битно. „Пијачките“ се сигурно далеку поскапи во Осло отколку во Скопје, барем номинално во пари, но од овие податоци, теоретски, тие можат да чинат и далеку поевтино во однос на Осло, или далеку поскапо, или да имаат иста или слична цена, но ние тоа од овие податоци не можеме да го осознаеме. Причината е едноставна – тие се можеби дел од некоја категорија и ние овде ги знаеме цените на целата категорија, која вклучува цени од редица производи (Еуростат мери цени на вкупно 2.400 производи), но не ги знаеме цените на поединечните производи внатре во категориите. Следствено на тоа, не знаеме ни какви се цените на „пијачките“ во Скопје и во Осло.
Настрана фактот, пак, што овие податоци, овде не ги покажуваат цените во валути, така што преку обична конверзија не се добива соодносот на цените. Еуростат користи една непостоечка вештачка валута, чие создавање е неопходно за да се добие квалитетна споредба. Таа валута се вика Purchasing Power Standard (PPS) и причината за нејзината употреба е за да се запази паритетот на куповната моќ (PPP- Purchasing Power Parity). Овде не можеме да навлегуваме во подетални објаснувања што ова значи, но доволно е да се каже само дека сето ова и понатаму го дисторзира односот на цените на „пијачките“ во Скопје и Осло во овие податоци.
Генерално гледано, пак, настрана од податоците на Еуростат, читателите на порталот во коментарите добро забележале дека кога ќе се земе предвид паритетот на куповната моќ, ваквите споредби немаат значење, при што тие наведуваат дека платите во Осло се далеку поголеми од оние Скопје.
Правењето симплифицирани, но неточни споредби не врши работа. Податоците треба да се читаат онака како што се претставени, не онака како што нам ни се чини дека треба. Не може цени на една цела категорија производи, кои може да се десетици или стотици на број, да се поистоветуваат со цена на еден производ, кој можеби и не е дел од таа категорија. Тоа така едноставно не оди. Без оглед на тоа што таквиот пристап може да ни даде атрактивен наслов.
This review was created within the framework of the USAID Media Strengthening in Macedonia Project - Media Fact-Checking Service Component,, mplemented by Metamorphosis. The review is made possible by the generous support of the American people through the United States Agency for International Development (USAID). The contents are the responsibility of its author and do not necessarily reflect the views of Metamorphosis, USAID or the United States Government. For more information on the work of USAID in Macedonia please visit its website (http://macedonia.usaid.gov) and Facebook page (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
INFOGRAPHIC
TRUTHFULNESS
has facts
accurate allegations
trustworthy allegations
SOURCES OF INFORMATION
sources are presented
1 source
one-sided
EXTENSIVENESS
extensive
concealed information
BIAS
presenting the whole truth
spinning the truth
has false information
не аплиактивно
COMMENTING
comments included
distinguished from the facts
PLAGIARISM
complete copy
TITLE QUALITY
informative
creative
sensationalistic
appropriate
clear
PHOTOGRAPH
has a photograph
appropriate
manipulating
author (source) is attributed
HATE SPEECH
offensive speech
hate speech
encourages violence
discriminating
EDITED FOR THE WEB
readable
не апликативно
has contextual links
orderly written
connected with tags