Рецензија: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ
Published in Recensione
on 30 - 06 - 2014 Author: Владо ЃорчевЛичните податоци се нешто свето во демократијата. Затоа и постојат закони за тие да се заштитат. Притоа тие не познаваат дали се работи за невини, осомничени, обвинети, или обични граѓани. Значи, личните податоци се свети. Друга работа е што едно, исто така, свето правило во новинарството вели дека не смее да се изнесува целото име и презиме на осомничен или обвинет. И тоа од две причини. Затоа што тој е невин сѐ додека не се докаже спротивното, но и поради етичката димензија. Тука во овој текст ниту една од овие работи не е испочитувана. Затоа и го имаме за рецензија.
Линк до оригиналниот напис: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ
Датум и време на објавување: 26.06.2014
Датум на рецензирање: 27:06.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПРЕКРШЕНИ ПРАВИЛА
Текстот е информација од полициски билтен. Оттаму се земни сите податоци, но мора да се напомене дека во билтенот на МВР нема цело име и презиме, туку само иницијали. Значи, медиумот самоиницијативно го објавил идентитетот на осомничениот и со тоа прекршил неколку правила од Кодексот на новинари.
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
Целиот текст подолу е коректно пренесен од МВР. Но, спорен е насловот што го прави текстот неетички и го прекршува овој член од Кодексот на новинара:
7. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост;
ПРОБЛЕМ СО НАСЛОВ И ФОТОГРАФИЈА
Самиот наслов е коментирање со што текстот добива друга димензија. Поради изнесувањето на идентитетот може да се заклучи дека се имало и пристрасност затоа што со тоа му е наенсена штета на обвинетиот по неговиот углед.
Текстот е оргинален не е преземен од никаде.
Насловот ја прави и најголемата грешка. Тој е виновникот за тоа што текстот се наоѓа тука.
Фотографијата, исто така, го крши Кодексот на новинари. Осомничениот е објавен и на фотографија што е спротивно на процедурите и стандардите за вакви вести.
Досега не ретко се објавувале вакви текстови. Посебно во локални медиуми каде што луѓето меѓу себе и повеќе се познаваат. Но, тоа не значи дека ако медиумот е повеќе насочен на информирање на локално ниво дека не треба да ги почитува сите новинарски правила. Секако дека треба, и во иднина не би смеело повеќе да се повторуваат вакви, да ги наречам почетнички грешки.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
INFOGRAPHIC
TRUTHFULNESS
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
SOURCES OF INFORMATION
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
EXTENSIVENESS
сеопфатнo
можеби се прикриени информации
BIAS
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
COMMENTING
нема коментаторски елементи
PLAGIARISM
оригинално дело
ненаведен автор
TITLE QUALITY
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
PHOTOGRAPH
нема
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
HATE SPEECH
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
EDITED FOR THE WEB
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови